December 3, 2015

Здрави навики и исхрана

Географската одвоеност им овозможила на Хунзите да ги зачуваат своите здрави животни навики во текот на неколку илјади години. Долговечноста и извонредното здравје на жителите на оваа долина го привлекло вниманието на голем број истражувачи. Голем дел од Хунзите живеат до 100 и повеќе години.

155007_1487835922552_7931792_n12282781_10204496550328377_587547959_n

Долго време се верувало дека таа невообичаена долговечност се должи на одредени генетски фактори, но голем број истражувања покажуваат дека тајната за долгиот и здрав живот на Хунзите се крие пред се во нивниот здрав начин на живот со голема физичка активност и исхраната која се состои пред се од растителни продукти.

Познатите американски кардиолози, Е. Г. Туми и П. В. Вајт ја посетиле областа Хунза во 1964 година, а нивното истражување за начинот на живот на Хунзите било објавено во еден од најпознатите специјализирани магазини за медицина „American Heart Journal“ (E. G. Toomey, P.W. White, „A brief survey of the heart of aged Hunzas“, American Heart Journal, 68:842, 1964.).

Двајцата доктори дошле до заклучокот дека сите испитаници (на возраст од 90 до 110 години) имале нормален крвен притисок, нормално ниво на холестерол и добро работење на срцето.  Хунзите не знаат за постоењето на малигните заболувања, кардиоваскуларните болести, дијабетисот и прераното стареење на организмот.

Phatoor Dry Apricot of Gilgit Baltistan

Научниците потврдиле дека Хунзите имаат едноставен режим на исхрана, што се темели на свежо и суво овошје и зеленчук, јадкасти  плодови и житарици. Хунзите конзумираат млеко во многу мали количини, а поголемиот дел од нив јадат месо само еднаш или два пати годишно.

 

Хунзите јадат само два пати на ден- доручек и ручек. Вечерата се прескокнува со цел организмот во текот на сонот да се одмори и неговата снага да не се троши за варење на храната.

Шкотскиот лекар Мек Херисон, по враќањето во Англија, извел експеримент на голем број животни. Една група се хранела со нормална храна на едно лондонско работничко семејство, која подразбира бел леб, харинга, рафиниран шеќер, конзервирана храна и готвен зеленчук. Како резултат на таквата исхрана, кај животните се појавиле различни човечки болести. Другата група на животни се хранеле со храната на Хунза и останале совршено здрави.

 

Житарици

Хунзите се хранат со голем број житарици: јачмен, просо, пченка и ‘рж.
Од целите зрна на житариците се прави брашно. Брашното се користи за правење на леб без квасец, наречен  „чапати“. Чапати лебот Хунзите го конзумираат со секој оброк.

 

 

 

Овошје и зеленчук

Овошјето и зеленчукот се основен дел од исхраната на Хунзите. Тие најчесто овошјето и зеленчукот ги конзумираат cfbvfgbvfsсвежи и сирови. Термички се обработува само зеленчукот, кој се вари многу кратко. Од овошје Хунзите најчесто јадат: кајсии, јаболко, круши, праски, цреши, црници и грозје. Кајсиите, кои се и најраспространетиот тип овошје во областа се јадат свежи и суви. При подготвувањето десерти Хунзите не користат рафиниран бел шеќер. Зеленчукот што најчесто се употребува во исхраната на Хунзите се: грав, грашок, леблебија, зелена салата и спанаќ.

 

Јаткасти плодови

12075054_601613003323263_5265107585978450257_nХунзите конзумираат најчесто ореви, а многу помалку лешници и бадеми. Од бадемите  Хунзите прават масло за готвење според рецеп стар неколку илјадници години. Во вид на оброк јаткастите плодови најчесто се комбинираат со овошје.

 

Продукти од животинско потекло

Хунзите не се строги вегани. Тие многу ретко употребуваат храна од животинско потекло. Месо јадат само на празници (Курбан Бајрам, венчање, родендени). Во тие ретки прилики месото (варено подолго време) се послужува во мали порции насецкано на мали парчиња. Хунзите најчесто конзумираат пилешко и овчко месо. Бидејќи се муслимани тие не јадат свинско месо. Хунзите многу штедливо ги употребуваат и јајцата. Тие најчесто се користат во некои варијанти на Чапати лебот. Од млечните производи најчесто се конзумираат козјо млеко и сирење, а многу ретко путер. Хунзите имаат свој традиционален рецепт за производство на млечен производ сличен на јогуртот. Хунзите кои често конзумираат храна од животинско потекло го прават тоа исклучливо во зимските месеци и во мали количини.

Хунзите конзумираат многу мали количини на сол. Во многу од нивните јадења солта воопшто не се користи.