November 30, 2015

Гулам Раза

Драги деца мои, јас ќе ви ја раскажам мојата лична приказна за Хунза маслото. Служев во пакистанската војска во едни минати времиња. Мојот одред беше поставен во високите Хималаи, кои се прекриени со вечен лед и снег во текот на целата година. Температурата беше околу -30 степени неколку дена по ред … Измрзнавме. Почнаа ужасни болки во колената и во зглобовите. Ние едноставно не бевме опремени за такви услови, толку долго време …

Потоа посетив многу болници долу по градовите и примив многу медицински лекови што ми ги даваа лекарите, но се беше бадијала, ниеден третман не ми помогна. Тогаш се вратив дома, во Хунза и почнав д аго користам маслото од семки од кајсии. Секој ден нанесував на болните места по неколку капки и со масирање, го втријував во кожата. Тоа стана моја редовна постапка и ритуал. По некое време, фала му на Господа, болките почнаа малку по малку да се губат и потполно исчезнаа … Оттогаш поминаа веќе долги години, но болката во колената и зглобовите не се врати никогаш повеќе! Затоа им порачувам на нашите Македонци да го употребуваат колку сакаат, бидејќи употребата на Хунза маслото нема несакани ефекти.