November 23, 2015

Општи информации

Сигурно барем еднаш во својот живот, сте си го поставиле прашањето – Дали и каде грешиме кога станува збор за нашето здравје? Исто така, сигурно дека тоа прашање најчесто си го поставуваат оние кој во еден момент го нарушиле своето здравје. Тогаш стануваме свесни колку сме грешеле, во исхраната и што се сме внесувале во нашите суптилни огранизми кои по својата природа не се создадени да се борат со сите измислици на 21 век, кои ги промовира прехрамбената индустрија: адитиви, засилувачи на вкусови, плодови преполни со пестициди, инстектициди и разни токсини кои се наше секојдневие. Во исто време и во истиот 21 век луѓето во малото Хималајско Кралство Хунза, сеуште го имаат приматот на најздрави и најдолговечни луѓе на планетава … Неминовно се поставува прашањето – Зошто овие луѓе се здрави и витални и после 100-та година од својот живот и зошто ним не им се познати термини како карцином, тумор, па дури ни кариес? Хунзите ни го испратија одговорот во ова шишенце ( ХУНЗА МАСЛО ОД СЕМКА ОД КАЈСИЈА ).

Произведено од хималајски кајсии кои никогаш не виделе хемиски препарати, од семките рачно истолчени камен на камен, исцедени од рацете на жените во Хунза, ова масло досега не дошло во допир со никаков метал. Заради овие карактеристики ХУНЗА МАСЛОТО ОД СЕМКА ОД КАЈСИЈА е оригинален продукт, рачно произведен, што го прави уникатен и единствен, неспоредлив според квалитетот со се што се нуди на пазарот од овој тип масла. 

DSC07572Кај Хунзите кои меѓу другото се единственото, бескласно општество на светот, статусот на семејствата се мери според тоа колку стебла кајсии имаат во дворот. До пред некоја деценија, кајсиите биле основното платежно средство во тоа хималајско Кралство. Маслото од кајсиите го употребуваат во секојдневната исхрана, жените го користат како единствен козметички препарат нанесувајќи го на лицето. Го нанесуваат на својата коса против опаѓање, за   згуснување и сјај на косата. Заради големото присуство на  сите Б витамини ( а најмногу Б-17 ) смирувачки делува на организмот, па тие им даваат и на бебињата навечер, пред да заспијат за убав сон.