Припадниците на народот Хунза се секогаш насмеани, весели и цврсти. Секогаш изгледаат младолико и многумина се изненадени од нивните години. Како да се од некоја друга планета, но сепак не се.
Хунзите живеат на планините во северен Пакистан, а ги има околу 87 илјади жители. Посебни се по тоа што живеат во просек по 100 години, но многу од нив без проблем живеат и до 120 години. Некои доживеале и до 160 години. Ретко се болни, не знаат за тумори, изгледаат многу младо, а нивните жени може да раѓаат и на 65-годишна возраст.
Долго време се мислело дека жителите на ова долина својата долговечност и виталност ја должат на своите гени, но новите истражувања покажуваат дека факторите од околината влијаат повеќе отколку генските предиспозиции.
Факторите што научниците ги издвоиле како клучни во квалитетот на животот кој го живеат луѓето во долината Хунза се исхраната која се заснова на билки и растенија, особено на маслото од семки од кајсија, едноставниот начин на живот и зголемената физичка активност.
Жителите од долината Хунза, се единствените кој не заболуваат од рак, од кардиоваскуларни болести, ниту од дијабетес, а исто така имаат најдолг век на живеење во светски рамки.
На меѓународниот конгрес за канцерогени заболувања во Париз, обележан во август 1977 година, експерти објавиле дека „според податоците на геоканцерологијата (наука за истражување на ракот во различни региони на светот), целосно отсуство на рак се јавува само кај народот на Хунзите“.
За нив да се поминат 100 до 200 километри дневно, исто што и за нас да се прошета околу куќата. Искачување по стрмни планини за Хунзите е пола час, а се симнуваат весели и енергични.
Нивните константно насмеани лица и добро расположение исто така допринесуваат на нивното подобро ментално и физичко здравје, по што се познати ширум целиот свет.
Хунзите тврдат дека се потомци на војници од војската на Александар Македонски кои се населиле овде за време на неговиот поход низ Азија. Тие немаат азијатски карактеристики и многу наликуваат на денешните жители на Балканот поради што се смета дека се потомци на античките Македонци. За свој симбол го користат сонцето и лавот.
Јазикот на Хунзите се нарекува „бурушаски“ и нема врска со никој друг познат јазик. Хунзите и воопшто, регионот Хунза, ја има највисоката стапка на писменост во Пакистан и пошироко.