December 3, 2015

Каде е Хунза

Oбласта  Хунза се наоѓа во северниот дел на Пакистан во близина на границата со Кина. Долината се наоѓа помеѓу двата највисоки планински венци Хиндукуш и Каракурум. Областа е богата со реки, така што притоците на реката Инд ја обликуваат областа како длабока долина. Долината на Хунзите е сместена на надморска височина од 2.438 метри. Територијата на Хунзите се простира на околу 7.900 км².

12273092_10204496532087921_813807531_n

Каримабад (порано нарекувана Балтит) е престолнината којашто, истотака, е мошне извесно туристичко место во Пакистан, поради впечатливите предели на околните планини како Ракапоши, Ултар Сар, Боџахагур II, Врв Гента, Врв Хунза, Врв Дармиани, и Бублиматинг. Народот од долината Хунза денес брои околу 87 илјади луѓе.

12277038_10204496542528182_1052445358_n

Хунза е голема туристичка атракција во Пакистан, и многу Пакистанци и странски туристи доаѓаат за да го уживаат живописниот пејзаж и за да го посетат овој древен народ. Овој реон е многу современ на секој план и е многу напреден за азиски стандарди. Британците го задржале статусот на Хунза како кнежество до 1947 Година.  На 3 ноември 1947 г. владетелот на Хунзите Мохамед Џамал Кан праќа телеграма до Мохамед Али Џина во која се согласува да го припои своето кнежество кон новата држава Пакистан.

12283210_10204496529007844_2065825747_n

До 1974 година Хунзите имале автономија во рамките на Пакистан, што била укината од  премиерот Зулфикар Али Буто. До долината на Хунзите се стигнува преку долг и стар пат, што почнува од градот Исламабад.

36271_1487836522567_5317276_n

Повеќето Хунзи се муслимани. Регионот Хунза е дом на луге од три етнитети: Долната област на Хунза – (од Мајун до Насирабад) е воглавно населен од Шинаки, луѓе кои говорат Шина; Централната област на Хунза – (од Муртазабад до Ахмед Абад)) е воглавно населен од луѓе кои говорат Бурушаски. Горната област на Хунза, позната како Гоца – (од Шискат до Хунџераб) е воглавно од луѓе кои говорат Ваки.